Компанијата едноставни не успеа да ги воодушеви корисниците – и покрај големата најава
Минг-Чи Куо, еден од најдобрите аналитичари на Apple на планетата, откри дека компанијата планира да открие неверојатно важна функција во следната генерација на iPhone.
Куо верува дека Apple планира да го убие 3D Touch. Оваа технологија Apple ја претстави со моделите iPhone 6 и 6s.
Во зависност од притисокот на прстот, со кој притискаа одредена апликација, која поддржуваше 3D Touch, корисниците би можеле да ја отворат, но и да активираат дополнително мени со опции без влегување во самата апликација.
Причина за ова е новата технологија на создавање на дисплеи наречена CGS (Cover Glass Sensor).
CGS го дели сензорот осетлив на допир од дисплејот, поради што Apple може да ја намали тежината, да ги редуцира трошоците и да ја зголеми издржливоста – но проблемот е во тоа што не е компатибилен со 3D Touch.
Kuo тврди дека новиот дисплеј премиерно ќе биде прикажан на новиот, поевтин LCD iPhone X модел, и тоа ќе биде почеток на крајот.
Поскапите OLED iPhone X модели и натаму ќе го задржат 3D Touch, но дека тоа ќе се промени од следната година.
Apple никогаш не ја пронајде добитната формула која би направила 3D Tocuh да заживее помеѓу корисниците, а ни програмерите не направија премногу да го интегрираат во своите апликации.