Компјутерски експерти од DeepMind, британски разгранок на компанијата Google, утврдиле дека вештачката интелигенција може да се ориентира во простор подобро од луѓето.
Научниците испитувале специјално подготвена програма од која барале да се ориентира во простори, слично како што човек би требало да најде излез од лавиринт. За време на експериментите, британските научници утврдиле дека вештачката интелигенција може да создава електронски правила на однесување кои служат слично како специјалните клетки во човечкиот мозок кои овозможуваат ориентација во простор.
Научниците на DeepMind организирале натпревари меѓу програмата и луѓе, од кои барале дa се снајдат во нови простории, во кои неочекувано се отворале врати или се појавувале пречки. Вештачка интелигенција се покажала побрза и подобра од човечката во совладувањето на пречките и пронаоѓањето пат до одредената цел.
DeepMind веќе експериментираше со вештачка интелигенција која совлада луѓе во играње како шах, Гоу и покер, но сега е на прагот да го надмине човештвото и во движење низ простор.
Поврзани артикли