Во текот на Google Cloud Next 2019 настанот, Google најави дека ќе ја додаде опцијата на користење на сигурносниот клуч кој е вграден во Android телефоните за мулти-фактор верификација и заштита од фишинг. Оваа опција ќе биде достапна на сите телефони кои го користат Android 7.0+ (Nougat), така што нема да биде потребно носење дополнителни сигурносни клучеви.

За да се оневозможи вградениот сигурносен клуч на телефонот, на корисникот му е потребен Android 7.0+ телефон со Google Play Services и Bluetooth уреди со Chrome OS, macOS X или Windows 10 оперативен систем и Chrome браузер. Постојат неколку чекори преку кои се овозможува сигурносниот клуч.

  • Потребно е да се додаде Google Account на Android телефон;
  • Уверете се дека користите верификација во два чекора;
  • На компјутерот, влезете во 2SV подесувањата и кликнете на “Add security key”;
  • Изберете го својот Android телефон од листата на достапни уреди.

Google им препорачува на корисниците и да го регистрираат бекап сигурносниот клуч на своите профили и да го чуваат на безбедно место, за да можат да пристапат до налогот доколку го загубат смартфонот.

Споменатата функција ќе им биде достапна на сите корисници во бета.