Ако користите Windows 10, знаете дека вашето име е видливо на првиот екран што ве дочекува по вчитувањето. На некои тоа им претставува проблем, посебно ако често работат надвор од дома или на јавни места.
Ако сакате да останете анонимни, можете да го промените своето име при логирањето на два начина.
2. Ако се логирате преку профилот на Microsoft, името можете да го промените со измена на името на самиот профил.
- Отворете: Settings
- Кликнете на: Accounts
- Изберете: Your Info
- Кликнете на: Manage my Microsoft Account
- Почекајте страницата на профилот да се отвори во вашиот прегледник
- Под името кликнете на: More Actions
- Изберете: Edit Profile
- Кога ќе се вчита страницата, кликнете на: Edit Name
Во идеални околности ќе посакате да изберете нешто што потсетува на вашето име, но без непотребно откривање на вашиот идентитет.
Запаметете: Промената на името влијае на вашето име во сите услуги на Microsoft.
2. Ако имате локален профил, процесот на промена на името е доста побрз.
- Отворете: Control Panel
- Кликнете на: User Accounts
- Кликнете на локалниот профил кој сакате да го промените
- Променете го името со клик на: Change Account Name
- Впишете ново име
- Кликнете на: Change Name
За крај запаметете дека, покрај новото име, можете да изберете и да ја сокриете мејл адресата на екранот за логирање со влез во Settings > Accounts > Sign-in Options > Privacy. Потоа кликнете на прекинувачот покрај Show Account Details.