Huawei Mate 20 и Mate 20 Pro ќе бидат претставени на 16. октомври на глобален настан во Лондон. Двата телефона се очекуваат со голем број интересни карактеристики, вклучувајќи го и Kirin чипсетот, што ќе ги направи едни од најинтересните модели во оваа година.

Меѓутоа, се очекува дека како и Mate 10 серијата, и Mate 20 моделите ќе бидат скапи. Според информации од доверливи извори, до кои дојде сајтот MySmartPrice, Huawei Mate 20 во Европа ќе има малопродажна цена од 799 долари (Mate 10 минатата година имаше почетна цена од 599 евра). Од друга страна, Mate 20 Pro во Европа ќе има цена од 1080 евра (неговиот претходник Mate 10 Pro минатата година чинеше 699 евра).

Видливо е дека Mate 20 и Mate 20 Pro ќе бидат значително поскапи од своите претходници, што не претставува изненадување бидејќи оваа тактика ја применуваат најголем број од производителите на премиум моделите оваа година.

Кога се опциите на бои во прашање, Mate 20 ќе биде достапен во сина и twilight варијанта, додека Mate 20 Pro ќе биде достапен и во црна боја.