“Време е да се одморите од гледање на YouTube содржини” е новата опција, која ќе ве потсети дека е време малку да го оладите телефонот и да се посветите на нешто друго. Да не ги напрегате очите и да не го заморувате мозокот со предолго гледање на видеа.
Оваа опција е дел од настојувањата на Google мобилната технологија да ја направи помалку инвазивна за нас самите, а вклучена е сама по себе и ќе пристигне на сите YouTube апликации со следната надградба. Потсетникот да се направи пауза од гледање на YouTube видеа се наоѓа во Settings>General >Remind me to take a break. Во рамките на ова мени потребно е да се избере зачестеноста на потсетникот, на секои 15 минути или до секои три часа.
Доколку навистина поминувате премногу време на YouTube мрежата, ова можеби би можел да биде првиот чекор , кој би можел да биде од помош навистина да го намалите трошењето на времето на гледање онлајн видеа.
Поврзани артикли