Google даде старт на нов наследник на својот оперативен систем Android за домашни апарати и други традиционални машини. Новиот систем се нарекува Android Things и има задача да ги „преземе” домашните апарати, по релативно доброто претставување на други верзии на Андроид – за паметни часовници и телевизори.
– Android Things најверојатно ќе го вклучува виртуелниот асистент Google Assistant во верзија за секој уред – од фрижидери и роботи до фискални каси и вендинг машини. Целта со новиот оперативен систем е да се направат овие уреди побрзи, поевтини и побезбедни, вели Венкат Рапака, директор во Google.
Додека Google не бара надомест од производителите на Андроид, компанијата очекува да генерира пари од корисници кои користат нови уреди за пребарување, гледаат видеа на YouTube и купуваат содржини од продавницата Google Play.
Оперативниот систем Android „храни“ многу од паметните телефони во светот и ги провоцира корисниците да користат платени апликации во Google Play. Но сега од гигантот се обидуваат да ја прошират доминацијата на Android во други области, велат техничките и финансиски аналитичари.