Во студија на 13 лунарни метеори пронајдени во северозападна Африка, Др. Масахиро Кајама од универзитетот Тохоку во Јапонија кај еден од нив детектирал моганит – форма на силиконски диоксид кој единствено се формира во присуство на алкална вода (во пукнатините на карпите) и кој бил откриен во 1976-та.
Моганитот го има во 77% од метеорот наречен NWA 2727, што значи дека таму каде што тој бил формиран имало значителна количина на вода.
Кајама и ко-авторите на студијата објаснуваат дека водата била „испорачана“ на Месечината преку астероиди и комети богати со неа пред околу 3 милијарди години, кога на нејзината површина постоела во течна форма. Течноста евентуално навлегла под површината и се изладила, останувајќи заробена во лунарните карпи. Подоцна, кога некој астероид или комета удирал во површината на Месечината, карпите полни со меганит се исфрлале во Вселената, а некои од нив слетале на Земјата во вид на метеорити.
Кајама проценува дека повеќе од 0.6% од материјалот под површината на Месечината е воден мраз, за кој тој се надева дека е доволна количина за да се откопа без потреба да се дупчи во потрага по вода подлабоко во Месечевата кора – доколку некогаш дојде до потреба за тоа, на пример кога би се создала човечка колонија на Месечината.
Поврзани артикли