Идното големо ажурирање на Microsoft за Windows 10, со кодно име Redstone 5 е во фаза на тестирање веќе неколку недели, а компанијата сега е подготвена да почне да открива некои функции со кои експериментира. Меѓу нив е и промената на начинот на кој работи Alt-Tab функцијата.
Наместо префрлање на табовите помеѓу апликациите, Microsoft експериментира со тоа на Windows 10 корисниците да им овозможи да се движат помеѓу табовите во рамките на Sets функциите на Alt-Tab интерфејсот.
Microsoft со години не го менуваше својот Alt-Tab свичер, така што новата функционалност делува како поголема измена. Суштински, ова значи дека Alt-Tab сега ќе работи за апликациите и табовите на браузерот, односно табовите на апликациите. Microsoft работи и на тоа да донесе групи апликации во Timeline, новата функција на Windows 10 која ја чува историјата на активностите и веб-страниците.
Microsoft наскоро ќе ги тестира измените, преку Windows Insider, но нема гаранција дека тие ќе се појават во следната голема надградба на Windows 10.
Поврзани артикли