Кон крајот на минатата година, Sirin Labs покрена кампања на собирање средства за она што е наречено “прв светски блокчеин телефон”. Уредот е наречен Finney, по неодамна починатиот програмер Хал Фини, а се очекува во текот на оваа година. Она што е најинтересно е дека телефонот го карактеризираат спецификации кои воглавно се очекуваат од актуелните премиум модели.
Finney користи Snapdragon 845 чипсет, заедно со 6 GB RAM и 128 GB простор за складирање. На задната страна се наоѓа 12MP f/1.8 со ласерски автофокус, додека од предната страна е сместена 8MP f/2.2 камера со агол од 85 степени. Од предната страна се наоѓа и сензорот за отисоци, додека екранот е со големина од 6 инчи и 18:9 однос на страници и 402 ppi.
Уредот го напојува батерија од 3000 mAh, a тука се и вообичаените карактеристики како што се GSM и LTE, 802.11 a/b/g/n/ac 2×2 MIMO WiFi, NFC A i B, Bluetooth 5.0 и она што компанијата го нарекува “ултра-сигурен” сензор за отисоци од прсти.
Извор: Benchmark.rs