Во Швајцарија е еутанизиран Давид Годал, 104-годишен австралисти научник на кого единствена роденденска желба му беше да умре.
„Во последно време не ми беше пријатно да живеам. Мило ми е што стигнав во Базел, а ќе бидам уште позадоволен кога моето патување ќе биде завршено. Имам можност да се простам. Жал ми е што на своето семејство морав да му кажам збогум, но што е тука”, рече Годал пред да биде еутанизиран.
На прашањето на новинар дали и натаму сака да се држи до својот план, Годал истакна:
„Да, поради тоа сум тука. Мојот избор е да го завршам својот живот и се радувам за тоа”.
Годал носеше маичка со натпис „Стареењето не ми годи” (Aging Disgracefully), а во последните моменти на својот живот ја слушале „Одата на радоста” од Бетовен.
Давид Годал е роден во Лондон во април, 1914. година. Беше угледен професор кој предаваше во Велика Британија, САД и Австралија.
Поврзани артикли