DJI склопи партнерство со компанијата Microsoft за да креира нов SDK дрон за Windows 10, кој овозможува целосна контрола на летање и трансфер на податоци на Windows 10 компјутерите. SDK овозможува поврзување на DJI дронови со Windows PC уредите.
Покрај ова, во иднина двете компании заедно ќе работат на тоа да го користат Microsoft Azure како примарен cloud провајдер за DJI, а ќе служи за комерцијални решенија, користење на AI сервисите на Microsoft за анализа и приказ на фотографии и видеа од воздух за деловните корисници.
Во текот на презентацијата во рамки на конференцијата Build 2018, двете компаноо прикажаа што би можела да донесе иднината на нивната соработка. DJI Mavic дронот со помош на новиот SDK и Azure поддршката преку дрон скенираше и идентификуваше цевка, прикажувајќи ја во реално време на Windows 10 апликација.