Туристи несвесно уништиле 200 милиони години стари отпечатоци на диносауруси во Јута, предупредија локалните официјални лица.
Најмалку десет праисториски отисоци на рептори, долги до 43 сантиметри исчезнаа од националниот парк Red Flit во последните шест месеци.
“Туристите не сфаќаат дека камењата кои ги подигнуваат од земја и ги фрлаат во вода, всушност се прекриени со траги што ги оставиле диносаурусите”, изјави управникот на паркот, Џош Хансен.
Персоналот во паркот поради тоа постави дополнителни знаци на предупредување, за да се спречи понатамошниот вандализам.
Исто така се разгледува ангажирање на нуркачи, во обид на површина да се извлечат фрлените отисоци, пишува Independent.
Сепак, многумина од нив најверојатно се неповратно загубени, што поради распаѓање при ударот или поради разложувањето во водата.
Паркот годишно привлекува повеќе од 33 илјади посетители.