Ова се најчестите замки поврзани со безжичната интернет мрежа и ви донесуваме совети како да ги избегнете.
1. Не користите WiFi? Исклучете го
Со исклучувањето на безжичната мрежа решивте три работи: батеријата на уредот ќе ви биде благодарна, нема да се поврзете со лажна мрежа и ќе бидете поштедени од лавина напорни рекламни е-пораки. За дополнителна сигурност преземете ја апликацијата „Donottrackme“, која ќе ги блокира страниците.
2. Инсталирајте антивирус
Ова е многу важно: секогаш, секогаш имајте ажуриран антивирусен софтвер. Постојат стотици начини за хакирање и стотици нови се појавуваат секој ден, а ваша задача е барем да бидете во тек.
3. Користете виртуелна приватна мрежа (VPN)
VPN, односно виртуелна приватна мрежа ви дава анонимност додека сте онлајн, што значи дека веб-страниците што ги посетувате ја гледаат адресата на виртуелната мрежа, а не онаа што моментално ја користите. VPN е платена мрежа што ќе ја намали брзината на пренос и ќе ја обезбеди вашата анонимност онлајн.
4. Не дозволувајте телефонот да запомни бесплатна WiFi мрежа
Повеќето паметни телефони автоматски ќе ги запомнат мрежите во шопинг-центрите или аеродромите што претходно сте ги користеле. Но хакерите можат да го контролираат името на оваа мрежа и да го фатат вашиот уред кога ќе се споите на мрежата. Последиците? Вашите пари, идентитетот и податоците.
5. Користете мрежа што користи проверка од два чекора
Мрежата што не бара лозинка или не ви испраќа порака често е лажна. За да останете безбедни, одберете хот-спот што ќе ви испрати СМС-порака. Ова ве штити од криминалци и хакери кои работат на опасни дупликати на бесплатни wi-fi мрежи.
6. Кога ќе одлучите да се поврзете, проверете го името на мрежата
Хакерите често користат имиња на лажните мрежи што се слични со оригиналните. Единствената разлика е што автентичниот хот-спот ќе бара некој вид авторизација, додека лажниот ќе биде сосема бесплатен. Пред да се поврзете со некој хот-спот, секогаш прашајте го келнерот за точното име на мрежата.
Извор: Tportal.hr