Во рамки на “Денот на лозинката”, многумина им го понудија својот совет на корисниците како да бидат што е можно побезбедни на Интернет, но се чини дека најлошиот совет го даде Nutella.

Иако е во прашање бренд што го сакаат многумина, Twitter објавата за време на “Денот на лозинката” е еден од најлошите и најнеупатените совети кои можеше Nutella да им го даде на луѓето.

Сигурно се прашувате што е толку голем проблем ако се одлучите Nutella да биде вашата шифра?

За почеток, во прашање е прилично вообичаена шифра. Во базата на откриени лозинки, која содржи преку 500 милиони, Nutella се споменува 20.000 пати. Тоа значи дека на големо се наоѓа во бележниците на хакерите кога пробуваат да пробијат во нечиј профил.

Притоа, шифрата би требало да биде таква за да може тешко да се пробие – значи нешто што не е вообичаено и познато на сите – и дефинитивно подолга од 7 карактери со броеви и специјални карактери.

Вториот проблем со советот на Nutella се однесува на тоа дека би требало лесно да ја запаметите својата лозинка. Тоа е многу лош совет, бидејќи би требало да биде што е можно поапстрактна и потешка за паметење – бидејќи со самото тоа некој ќе има многу работа во обидот да ја погоди од прв обид.