Samsung Display веќе подолго време работи на екрани кои можат да се свиткуваат во ролна и развлекуваат, а сега овој бренд лансираше нов микросајт кој ни дава увид во технологијата на иднината.

Новиот центар ќе служи како платформа за Samsung каде што ќе го презентира развојот, ќе содржи најави и ќе понуди прв поглед на сите идни склопливи OLED екрани.

Samsung уште во мај го заштити името Z Rollable, што е уште еден доказ дека брендот има намера да понуди ваков уред во блиска иднина. Погледнете повеќе информации на нивниот нов сајт.