Повеќе од 200 луѓе кои веруваат дека Земјата е рамна плоча се собраа на тридневна конференција во Англија, на која помеѓу останатото, “објаснија” зошто човекот не паѓа “кога ќе дојде на работ”.
“Разговаравме слободно, без предрасуди и по длабоките и мудри дискусии стигнавме до одредени заклучоци”, стои во соопштението на Англиското здржение на оние што веруваат во идејата за рамна земја.
На оваа конференција беше одговорено на прашањето кое досега привлекуваше најмногу внимание и ја откриваше бесмисленоста на оваа теорија.
Имено, ако Земјата е рамна плоча, мора да постои, а кога човекот ќе дојде до него, би морал да падне, односно да замине во Вселената.
“Објаснувањето секако е бесмислено, како и самата теорија, а тоа гласи: Човекот не може да падне од работ на Земјата, бидејќи кога ќе дојде до крајот, тој автоматски се појавува на другата страна на планетата, а темел за оваа теорија е популарната игра Pac-Man, кој всушност на тој начин се движи по екранот.
Следбениците на теоријата Рамна земја веруваат дека сите слики на нашата планета се лажирани и дека Земјата не е сферична, туку дека е рамна плоча.
Следното собирање на овие следбеници е закажано за 15. ноември во американскиот град Денвер.
Поврзани артикли