Во текот на годинашниот Конгрес за мобилна технологија во Барселона, еден уред предизвика посебно внимание, а тоа е Vivo Apex концепт смартфонот. Телефонот го карактеризира 91 проценти screen-to-body односот и камерата која е сместена во рамката на уредот, од кој излегува со притискање на копче.
Иако првобитно рекламиран како концепт уред од страна на компанијата Vivo, Apex всушност ќе се најде во масовно производство од средината на 2018. година, а на пазарот би требало да се појави неколку месеци подоцна.
Сега YouTube каналот Unbox Therapy ни донесува краток видео приказ на Vivo Apex и некои негови карактеристики. Екранот на Apex има рамки со дебелина од 1,8 милиметри од горната, левата и десната страна, додека дебелина на долната рамка изнесува 4,3 милиметри.
Vivo користи 5.99-inčni OLED екран, во чиј долен дел се наоѓа големиот сензор за отисоци на прсти вграден во самиот дисплеј. Смартфонот ќе го покренува Qualcomm Snapdragon 845 чипсетот, а ќе има и USB-C и 3.5 мм прикучоци во дното на уредот.
Засега не се познати останатите спецификации на Apex, а со оглед на тоа дека технологијата на производството е напредна и компликувана, се очекува дека уредот ќе има и премиум цена кога ќе се појави на пазарот.
Извор: Unbox Therapy