Проверете колку мегабајти ви троши YouTube
Иако количината на мегабајти која ќе ја потрошите на гледање на YouTube видеа зависи од квалитетот на снимката, таа во ниту еден момент не е мала.
Ако квалитетот на видеото е автоматски, тогаш на телефонот ќе трошите преку 4 мегабајти по секунди. Што значи дека час на гледање е еднакво на количина од 24о мегабајти, или цел гигабајт по четири часа.
Секако, количеството на интернет кое ќе го потрошите зависи и од квалитетот на видеото кое го гледате – колку е тоа поголемо и поквалитетно, ќе останете без похголем број мегабајти.
Видео со лош квалитет (240p) ќе потроши 1.6MB секоја минута, но видео со висока резолуција (1080p) троши преку 12 мегабајти по минута.
Според автоматските YouTube подесувања, наместено е видото да пушта во 480p резолуција. Погледнете колку мегабајти за една минута ќе ви потроши секоја резолуција:
– 240p – 1.6MB
– 360p – 2.66MB
– 480p – 4MB
– 720p – 7.4MB
– 1080p – 12.4MB
Еве како сами да го изберете квалитетот на видеото кое го пуштате на You Tube.
– Отворете YouTube и притиснете Мени (три вертикални линии)
– Изберете Select Quality
– Изберете го квалитетот на видеото. Колку е тој понизок, толку помалку мегабајти ќе потрошите.