Начинот на кој се развива генетиката ги наведе светските генетичари да веруваат дека за десетина години светот ќе може успешно да ги лекува и канцерот и стареењето. Според претпоставките, научниците дошле до ваков храбар заклучок по серијата студии направени над бактеријата Escherichia coli. Експертите истакнаа дека повеќе од 320 промени се направени на геномот на бактеријата. Потоа, клетката станала имуна на вирусите. Сепак, според нив, за да се репрограмира геномот на цицачите или растенијата, ќе биде неопходно да се вложат повеќе напори.

„Репрограмирањето на секој протеин во човечкиот ген ќе бара 400.000 промени“, вели Џорџ Чрч, професор на Медицинскиот факултет на Харвард.

Според него, сериозно ќе треба да се пристапи на предизвикот за елиминираат 20.000 човечки гени кои се покажаа како излишни единици на генетскиот код.

Експертите во меѓувреме се сигурни дека посакуваниот резултат може да се постигне веќе до 2028 година. Покрај тоа, човечките гени можат да бидат програмирани така што луѓето ќе станат имуни на студ, зрачење, радијација, па дури и стареење.

Извор: Statnews.com