Компанијата за безбедност Есет алармира за нова шема за кражба на податоци од банкарски картички. За таа цел, тие ја користат популарната услуга за стриминг на филмови и ТВ серијали – Netflix.

Во поштенските сандачиња на клиентите на Netflix се појавуваат пораки кои повикуваат жртвите да ги внесат повторно своите податоци за пристап до услугата со објаснувањето дека настанал колапс.

Клиентите, кои не претпоставуваат дека станува збор за измама, можат да го следат понудениот линк кон лажна веб страница и да ги воведат повторно своите податоци, како и информациите од банкарските картички. Дури потоа тие се насочени кон вистинскиот сајт на Netflix.

За корисниците се изгледа веродостојно, но на крајот измамниците ги добиваат податоците од нивните банкарски картички и можат да ги украдат достапните во нив пари.