И покрај “најпрофитабилниот квартал во историјата на компанијата” на почетокот на 2018 година, Tesla и понатаму има проблеми со исполнувањето на стандардите за производство на Model 3, што ги направи нервозни инвеститорите, и влијаеше на падот на вредноста на акциите.

Како што известува Bloomberg, Tesla губи по 6.500 долари секоја минута, што е 390.000 на час, или 9.360.000 доалари дневно.

Овој масовен одлив значи дека Tesla може да остане без пари до крајот на 2018 година. Аналитичарите предвидуваат дека само оваа година компанија треба да собере две милијарди долари. Патем, Tesla има долг од 1,2 милијарди долари што доспева во 2019 година.

И покрај сите негативни вести, Tesla има големи амбиции за во иднина. Во следните две години ќе го пласира на пазарот новиот Roadster, електричен камион и компактен СУВ модел Y.

Прашањето е како Tesla планира да ги произведе сите овие модели, бидејќи веќе има проблеми со доцнење, а и значително помалку го зголемува бројот на вработените отколку Ford и General Motors.