Натпреварот за решавање алгоритамски проблеми CodeFu, што се одржува под слоганот „Реши го невозможното“, на 6 мај ќе ја има втората елимининациска фаза, а финалето ќе се одржи на 3 јуни.
Како што информираат од Netcetera, софтверската компанија од Скопје, која 12-та година по ред го организира натпреварувањето, студентите на додипломски и последипломски студии на државните и приватните факултети од земјава кои ќе учествуваат на натпреварот ќе си ги одмерат знаењата и вештините во оваа област. Од сите пријавени учесници преку принцип на елиминација во две рунди (првата се одржа на 15 април, а втората на 6 мај 2018) ќе останат 32 финалисти.
– Според искуствата од претходните години, се очекува најбројни учесници да се студенти на ФИНКИ, како и од сродните технички факултети. Оние кои ќе се пласираат во финалето ќе се натпреваруваат за главната награда – патување во Цирих, Швајцарија на Интернационалната конференција за модерни уметности и софтвер Jazoon со сите покриени трошоци, наведуваат од компанијата.
Поврзани артикли