Samsung би можел да претстави нов телефон наречен „Galaxy X“ кој би можел да има „LED“ екран.
Кога во целост ќе „развлече“ станува екран со големина на iPad Mini. Тоа ќе биде телефон кој многу лесно ќе може да се трансформира во таблет и да понуди низа нови можности.
Доколку оваа најава е нешто повеќе од само гласини кои инаку ги следат познатите технолошки гиганти, тоа ќе биде интересен концепт, а можеби еден ден и корисен уред.
Преклопувачките екрани не се револуционерна новина, а многу компании веќе интезивно работат на развојот на такви телефони.
Samsung веќе доста долго време се занимава со преклопливите екрани. Уште во 2011. година претставија видео концепт на проѕирен и преклоплив екран, кој се уште се нема појавно на пазарот, пишува Mashable.
Шефовите на Samsung, на неодамна одржаниот конгрес, најавија дека компанијата сака да биде прва на пазарот која ќе понуди паметен телефон на преклоп. Сепак, Samsung не е единствената компанија која се напреварува на овој пазар, пишува Express.
Минатата година Apple доби патент за електронски уред со „флексибилен екран“. И натаму не е јасно како би можел да изгледа овој уред.„ZTE исто така минатата година претстави свој концепт на преклоп.
Извор: B92.net