Иако сите очекуваа дека новата надградба за Windows ќе се вика Springs Creator Update, Microsoft одлучи да го нарече Windows 10 April Update. Еве што можете да очекувате:

Покрај новите можности и функции посебно се издвојува Timeline кој на корисниците на Windows 10 оперативниот систем ќе им овозможи да се “вратат нмиз времето” за да ги пронајдат работите кои им требаат.

Оваа функција на луѓето ќе им овозможи да пронајдат проекти на кои работеле пред неколку недели и веднаш да продолжат таму каде што застанале – било на PC или на мобилен уред.

Втората работа која заслужува внимание е Focus Assist, кој е дизајниран да ви помогне да останете во зоната.

 

Еве што вели Microsoft за новата опција:

Оваа функција ќе им овозможи на луѓето да пронајдат некои проекти на кои работеле пред неколку недели и веднаш да продолжат таму каде што застанале – било PC или мобилен уред.

– Вклулчете го Focus Assist секој пат кога сакате да завршите нешто без дистракции, како што се социјалните мрежи или други нотификации.  Исто така, можете да наместите оваа функција да се активира автоматски во дел од денот кога ви е потребна дополнителна концентрација. Кога ќе завршите со својата работа, ќе добиете извештај за сите работи кои се случиле во меѓувреме како мејлови, апдејти и други известувања.

Новиот апдејт ќе почне да пристигнува до корисниците уште од денеска.