Играчите ќе носат VR очила и далечински управувачи кои што на екранот ќе изгледаат како раце и со тоа ќе можат да вршат разни „функции“ во играта.
Како што пренесува британски “Mirror”, сега постои онлајн свет во кој што луѓето можат да имаат секс со 3Д верзиите на преку 700 вистински порно ѕвезди.
Берлиншката компанија Me.mento 3D ја креираше дигиталната платформа “vrXcity” каде што корисниците можат да учествуваат во симулирани сексуални односи со своите омилени порно ѕвезди. Од компанијата велат дека сакаат да направат револуција во порнографската индустрија.
„Индустријата на филмови за возрасни е водечка сила во новите технологии“, изјави главниот директор на Me.mento 3D, Тобиас Плате кој што не гледа никакви етички проблеми кога станува збор за неговиот „производ за забава“, иако вели дека „ова никогаш нема да може да го замени вистинскиот секс“.