Во обид да добијат што е можно подобар и пореален кадар за некои филмови каде се снимаат специфични сцени во движење, во САД направија преправка на едно Lamborghini Huracan кои во иднина ќе се користи како подвижна камера на филмските сетови.
Компанијата Incline Dynamic Outlet успеа да изврши преправка на еден скап италијански тркачки автомобил на кој сега е поставена специјална дигитална камера во предниот дел со далеинску управуван статив.
За да се развие целиот проект, на инжинерите од компанијата им биле потребни неколку месеци макотрпна работа. Стабилизаторот кој се користел на овој супер- автомобил бил специјално дизајниран од Gyro Stabilized Systems, а камерата која е поставена снима во 8К резолуција и доаѓа од познатата компанија, Red. Вкупните трошоци за дополнителната опрема изнесуваат околу половина милион долари.
Оригиналниот мотор на Lamborghini Huracan, 5.2 V10 со 610 КС, остана непроменет.