Facebook отстрани речиси два милионa екстремистички постови

Компанијата Facebook соопшти дека отстранила или поставила знак за предупредување на 1,9 милиони примероци со екстремистичка содржина, кои се поврзуваат со Исламска држава или Ал Каеда.

Тоа е направено во првите три месеци од годинава, што е речиси двојно повеќе од претходниот квартал.

Европската унија врши притисок врз Facebook и неговата конкуренција во областа на технолошката индустрија што побрзо да ги отстранат екстремистичките содржини или ќе се соочат со закони кои би ги проморале да го направат тоа.