Google Voice Kit е едноставен т.н. AIY kit (Artificial Intelligence Yourself) кој лесно се составува и овозможува користење на услугите на Google за препознавање на глас со помош на Raspberry Pi компјутер.
Во својата прва верзија, Google го испорачуваше овој Voice Kit со сите потребни компоненти, освен Raspberry Pi компјутер, кабли и SD картичка, што купувачот ќе мора да ги набави посебно.
Новите верзии на Google Voice и Google Vision, меѓутоа, стигнуваат со целата потребна опрема, која вклучува и Raspberry Pi Zero WH, USB кабел и SD картичка со потребниот софтвер.
Поради тоа новите верзии на овие уреди се спремни за работа веднаш по отворањето. Купувачот треба само да ги поврзе елементите.
Vision Kit, покрај се наведеното, доаѓа и со Raspberry Pi Camera V2 додаток. Камерата овозможува да се прават проекти кои ќе го препознаваат лицето на корисникот и неговите емоции, а можно е да се програмира да препознава и други објкети, како храна, но и животни и луѓе.
Комплетниот список на можности може да се најде на сајтот на Google посветен на AIY проектите.
Google подготви и апликација Google AIY Project која овозможува користење на овие уреди и на Andorid платформата. Апликацијата е достапна на Play Store.
Овие уреди може да се набават за 49,99 долари за Voice Kit или 89,99 долари за Vision kit, кој е поскап поради камерата.