Алисон МекКин, виш инженер во американската вселенска агенција NASA, вели дека првиот човек кој ќе стапне на Црвената планета треба да биде жена. Таа е убедена дека испраќањето жена на Марс ќе ја врати правдата, бидејќи сите 12 астронаути кои први заминаа на Месечината беа мажи. Алисон работи во NASA повеќе од 30 години и неодамна забележала напредок во родовата рамноправност, откако бројот на жени во инженерскиот тим е во водство.
Иако и NASA и Советскиот Сојуз во минатото, испратија жени во вселената, оваа инжинерка во американската вселенска агенција вели дека е разочарана од фактот што ниту една жена досега не слета на Месечината.