Apple Music одделението на американскиот гигант Apple денеска соопшти дека ја достигнало бројката од 48 милиони претплатници на сервисот за емитување на музика и видео спотови.
Apple воедно соопшти дека Оливер Шусер, кој во изминатите 14 години држеше разни позиции низ компанијата, ќе биде потпретседател на компанијата задолжен за Apple Music.
Apple е во трка со Spotify за музичкиот пазар. Spotify има 71 милиони претплатници, од кои дел се само регистрирани со компанијата. Apple Music, пак, соопшти дека од регистрираните 48 милиони претплатници, 40 милиони се активни, односно плаќаат за услугата. Двете компании нудат претплата од 9 долари и 99 центи месечно.