Само пет дена откако беше објавено дека спотот за песната „Деспасито“ на Луис Фонси и Деди Јенки официјално стана најгледаниот спот на YouTube со 5 милијарди прегледи, хакери успеале да го избришат.
Пред да биде избришан, се појавувала слика од маскирани луѓе со вперени пиштоли кон камерата, што сугерирало на хакерски напад, пренесува „Индепендент“. Хакерската група што го извршила нападот се потпишува како Prosox and Kuroi’sh, а под клипот испишала Free Palestina во превод „Слободна Палестина“.
Шпанскиот хит „Деспасито“ беше објавен во јануари 2017 година и ги урна сите рекорди во музичката индустрија. На британската листа на најпопуларни песни „Деспасито“ 16 недели по ред беше на врвот. Исто така, „Деспасито“ е најсимнувана песна во историјата.
Поврзани артикли