Android телефоните и iPhone уредите делат податоци со компаниите што ги произвеле во просек на секои четири и пол минути, а податоците се испраќаат назад дури и кога телефоните се неактивни во џеб или чанта, покажува најновото истражување.

Студијата на колеџот Trinity од Даблин предизвика загриженост поради приватноста во врска со паметните телефони, а студијата тврди дека има мала разлика помеѓу Apple и Google кога станува збор за собирање на одредени податоци.

Студијата објавена од проф. Даг Лит од Trinity Connect Centre сугерира дека iPhone уредите не нудат поголема приватност од уредите на Google.

Од друга страна, студијата покажа дека телефоните на Google собирале „значително поголем обем на податоци за телефоните на Apple“, при што 1MB податоци се испраќале од неактивните Google Pixel уреди на секои 12 часа, во споредба со 52KB податоци испратени од iPhone.

Меѓу податоците кои смартфоните потенцијално ги враќале, било уфрлање на SIM картички и детали како што се сериски број на хардверот, IMEI, Wi-Fi MAC адреса и телефонски број.

„Мислам дека повеќето луѓе прифаќаат дека Apple и Google мораат да собираат податоци од нашите телефони за да обезбедат услуги како што се iCloud или Google Drive. Но, кога своите телефони едноставно ги користиме како телефони – за повикуивање и примање повици и ништо друго – многу е потешко да се разбере зошто Apple и Google мораат да собираат податоци“, посочува проф. Лит.

Лит споменува дека е разочарувачки да се види дека Apple собира толку податоци, со оглед на тоа колку компанијата ја промовира безбедноста на корисниците на Apple уредите. Apple засега не ја коментираше оваа студија.