Истражувачи од американскиот Геолошки институт открија езеро на дното на кратерот на најактивниот вулкан на Хаваите, што е многу невообичаена појава.

Според истражувачите, вулканот Килауеа ја загрева водата во езерото, во кратер во кој претходно имало лава. Температурата на водата е околу 70 степени.

Лавата во кратерот исчезна минатата година, кога Килауеа за првпат престана да еруптира, по повеќе од 30 години.

Геологот Мет Патрик изјави дека е тешко да се одреди колку е длабока комората на магмата под дното на кратерот во кој е пронајдена водата, бидејќи големи количини гас постојано избиваат на површината.

Областа и понатаму е непристапна и опасна поради гасовите и другите ризици кои се појавуваат.

Извор: B92.net