Истражувачи од Microsoft и од Институтот „Нилс Бор“ од Копенхаген се уверени дека го пронашле клучот за креирање квантен компјутер.
Ако се установи дека се во право, Microsoft ќе се најде на врвот затоа што ќе поседува моќ да решава проблеми кои се надвор од можностите на конвенционалните компјутери.
Во лабораторијата се наоѓа серија од бели цилиндри кои се оладени речиси до апсолутна нула во процесот на создавање кубит – градежен блок на квантен компјутер.
„Ова е постудено од длабоката вселена, можеби е и најстуденото место во универзумот“, вели професорот Чарли Маркус.
Microsoft во соработка со сериозни научници моментално е во натпревар со Google, IBM и стартапот Rigeti, кои веќе покажаа дека можат да изградат систем од дури 50 кубити.
Сепак, научниците од Microsoft тргнале по различен пат од своите соперници, обидувајќи се да креираат кубити со помош на субатомска честичка, а доколку нивниот план се покаже успешен, тоа би значело дека оперативната квантна сметка би била многу полесна за користење.
Квантните компјутери би можеле да помогнат во борбата против климатските промени, создавајќи нови суперспроводници, но и брзо машинско учење.
„Би можеле да решаваме проблеми кои суперкомпјутерите би ги решавале за неколку секунди, часа или, пак денови“, заклучува професорот Маркус.
Извор: B92.net
Поврзани артикли