Маркетинг компанијата Strategy Analytics обично го испитува пазарното претставување на различните брендови, но по барање на Sony компанијата се зафати со малку поинаква улога – тест на времетраењето на батериите кај моделите од висока класа.
Во тестот учествуваат седум телефони од висока класа – Xperia XZ2, Xperia XZ2 Compact, LG G6, iPhone X, Huawei P10, Samsung Galaxy S9 и Oppo R11 – и како што доликува на студија нарачана од Sony, јапонските телефони се на врвот. Но, не треба да го заборавиме фактот дека предводниците на Sony традиционално се меѓу најдобрите кога зборуваме за траење на батеријата.
Според резултатите, прв е моделот Sony Xperia XZ2, по што следува Sony Xperia XZ2 Compact. За време на тестот, телефоните се оставени да работат во текот на 16 часа на ден со осветленост на екранот 150 нита, максимален звук и стандардно оптоварување во форма на повици, кратки пораки, сурфање на интернет, игри, слики и мултимедија.
Се разбира, тестот не е целосно објективен во поглед на споредбените ознаки. Зошто на пример е тестиран LG G6, а не LG V30 и зошто Huawei P10, а не Huawei Mate 10 Pro, под услов и двата дека се постари од двојката XZ2.
Покрај тоа, Galaxy S9 и Oppo R11, исто така, имаат Плус верзии кои можат да обезбедат подобри перформанси.
Поврзани артикли