Opera е позната по „вградувањето“ на социјалните мрежи во својот прелистувач, а сега оваа практика се проширува и на моментално најпопуларната платформа.

Прелистувачот Opera доби брз пристап до TikTok преку новото ажурирање и тоа преку страничната лента. Опцијата се поврзува со веб-верзијата на TikTok, но сепак е корисна за оние кои сакаат да ја проверуваат својата активност за време на работното време или да објавуваат клипови од нивниот компјутер.

Пристапот до TikTok е нова опција во серијата откако прелистувачот Opera го направи истото за Instagram, Facebook Messenger и WhatsApp. Исто така, овозможен е пристап до страничната лента на media player-от, каде што се наоѓаат услугите како што се Apple Music и Spotify. Овие сè уште се веб-апликации, но Opera се надева дека ќе привлече корисници кои не би сакале да работат одделни апликации или да менуваат табови.

Воведувањето на TikTok е продолжување на добро позната стратегија насочена кон привлекување на корисниците на Chrome и Safari, а тоа се обидува да го направи со интегрирање на корисни или барем популарни услуги.

Прелистувачот Opera го зголеми својот удел на пазарот во текот на изминатите неколку години, од 2,3 проценти во октомври 2019 година на речиси 3,6 проценти три години подоцна. Сепак, се уште е на далечното петто место.