Во моментов смартфоните без рамка се тренд на пазарот. iPhone X и Galaxy S9 повеќе не се чудо за корисниците кои се навикнати на тенки рамки. Затоа се поставува логичното прашање – што е следно? Во што ќе се трансформираат премиум телефоните? Едно е јасно: сегашниот облик не може да оди напред без нешто ново.
Затоа Samsung почна да работи на флексибилни дисплеи во 2011. година. Во 2013. беше прикажан прототип на флексибилен дисплеј, а во 2019. година според гласините ќе го видиме на пазарот Galaxy X – флексибилен уред што ќе се свиткува и растегнува, претворајќи се во уред со екран 2:1.
Тоа е сосема изводливо, водејќи сметка дека многу компании работат на флексибилни батерии, а елементите кои е невозможно да бидат криви, ќе бидат распоредени само од едната страна на уредот.
Според Bank of America, Apple подготвува сличен уред кој ќе биде достапен во 2020. година, една година по премиерата на Samsung.
Годинава најверојатно ќе бидат претставени три уреди слични на iPhone X со различна дијагонала на екранот. Вакви уреди се очекуваат и следната година
Кај Корејците работите се различни. Сосема е можно тие следната година да претстават флексибилен уред.
Сепак, некои аналитичари сметаат дека оваа претпоставка е малку веројатна. Проблемот е што флексибилните екрани не се трајни. Циклусите на свиткување и одвиткување се премногу мали.