Пред некое време, Xiaomi ја купи компанијата Black Shark, која е фокусирана на развој на гејмерски смартфони. Очигледно првиот производ е блиску до својата премиера, бидејќи во кинеската социјална мрежа Weibo се појави и првиот тизер за уредот.

Од сликата се разбира само дека тој ќе биде опремен со процесор Snapdragon 845. Тоа пак ги потврдува појавените порано резултати од тестови во AnTuTu на смартфон со кодно име BlackShark кој освен споменатиот чип на Qualcomm предлагаше уште 8GB RAM меморија, 32GB меморија за апликации и дисплеј со резолуција 2160×1080 пиксели.

Во AntuTu телефонот беше претставен одлично со резултат 270.680 поени.

За сега се уште не е јасно кога точно BlackShark ќе се појави на пазарот, но со оглед на тизерот, едвај ќе треба да чекаме многу.