Невладината европска организација Joint European Disruption Initiative (JEDI) е загрижена за растечката технолошка супериорност на американските и кинеските корпорации, објави Bloomberg. Според JEDI, властите во Европа мора да преземат итни мерки за да го спречат регионот да заостанува во високотехнолошката сфера.
Организацијата е составена од истакнати претставници на европската технолошка заедница, поранешниот шеф на Deutsche Telekom – Рене Оберман, првата Французинка космонаут Клауди Хајнер и Волфганг Волстер, директор на Германскиот центар за истражување на вештачката интелигенција (DFKI).
JEDI повикува на итно формирање на пан-европски фонд со капитал од 1 милијарда евра. Средствата од него ќе се користат за фундаментални истражувања во области како биотехнологија, енергетика, квантните пресметки, вештачка интелигенција и сајбер безбедност.
Одлуките за инвестиции во hi-tech проекти треба да се земат брзо – во рок од два месеци, повика JEDI. Како пример од организацијата го наведуваат управувањето на DARPA – Агенцијата за перспективен развој на Министерството за одбрана на САД, која му го даде на светот интернетот, компјутерскиот глушец и технологија со вештачка интелигенција.