Истражувањата покажуваат дека огромен број на луѓе патат од несоница и пореметување на сонот. Меѓутоа, најголемиот проблем не е самата инсомнија, туку лековите за спиење кои денес ги користат речиси сите лица кои страдаат од овој проблем.
Ваквите лекови предизвикуваат зависност и дополнително ја влошуваат ситуацијата, па затоа научниците постојано се трудат да пронајдат лек против несоницата и да им овозможат на луѓето да спијат природно, без лекови.
Со тоа е креирано гравитационото ќебе наречено “Gravity Blanket” кое во себе има посебни тегови кои создаваат притисок на целото ваше тело. Можеби звучи глупаво да спиете под ќебе кое тежи, но научниците објаснуваат која е поентата на овие тегови.
View this post on InstagramMight delete but thought the blanket looked cute in this pic
A post shared by Gravity Blanket (@gravityblankets) on
Ќебето е во состојба да врши притисок врз вас кој е приближен до притисокот кој го создава 10% од вашата тежина. Ваквиот притисок создава чувство дека некој ве прегнува и спие покрај вас, па така автоматски вашето тело се загрева, а мозокот прима позитивни информации кои ве прават среќни. Со тоа не само што полесно ќе заспиете, туку и ќе имате поквалитетен сон.
View this post on InstagramDreaming: it’s like reading your imagination for 8 hours
A post shared by Gravity Blanket (@gravityblankets) on
Оние кои го испробале ова ќебе велат дека ефектот е неверојатен и дека притисокот кој ќебето го создава е неверојатно природен и помага кај луѓето кои со години патат од несоница.
Ова ќебе е веќе е во продажба, а може да се купи и преку популарниот сајт Амазон по цена од 120 долари.
Поврзани артикли