Google изгуби голем случај на авторски права кој може да ја чини компанијата милијарди долари и да го промени начинот на кој технолошките компании пристапуваат кон развој на софтверот, објави CNN.

Апелациониот суд соопшти дека Google ги прекршил законите за авторски права кога го користел софтверот на „Оракл“, со отворен код на Јава за да ја изгради андроид-платформата во 2009 година.

Пресудата следи по најтешката осумгодишна битка меѓу Google и Oracle.

Oracle првпат го поднесе својот случај против Google во 2010 година тврдејќи дека андроид-платформата ги крши двата патента што Oracle ги има на својот софтвер Java, сеприсутниот програмски јазик кој напојува сè од телефони до веб-страници.

Во 2012 година жирито утврди дека Java не заслужува заштита според законот за авторски права. Две години подоцна апелациониот суд ја поништи пресудата, покренувајќи го прашањето дали употребата на API на Oracle го нарушила законот за авторски права.