Тoyota се откажува од натпреварувањето со конкурентите во таканаречениот D-сегмент, па иако се очекуваше дека наскоро ќе видиме наследник на Avensis – тоа нема да се случи.
Портпаролот на Toyota за Autocar признал дека креваат рака од четвртата генерација поради падот на продажбата и се поголемото намалување на маржите.
Минатата година Toyota успеала да продаде само 25.319 примероци од Avensis, што е за дури 28% помалку од 106 година.
За споредба, Volkswagen во истиот период продал 183.288 примероци од Passat, а Škoda 81.410 примероци од Passat.
Иако нема да дочекаме нов Avensis, Toyota веројатно нема целосно да се откаже од седанскиот сегмент, па можно е во скоро време да видиме нова компактна лимузина базирана на Auris.