Швајцарските и американските научници открија дека гумени играчки со кои се бањаат децата се полни со бактерии.

Истражувачите ги пребројувале микробите што пливале внатре во жолтото пајче и посочиле дека течноста што се испуштала кога се исцедиле содржела „потенцијално патогени бактерии” во четири од петте проверени играчки. Како што се наведува, пронајдените бактерии, вклучувајќи ги и легионела и псеудомонас аеругиноса, се бактерии кои често се поврзуваат со болнички инфекции.

Научниците биле изненадени од многу големата количина од 75 милиони клетки по квадратен сантиметар и разни други бактерии и габи кај пајчињата. Додека одредени количини на бактерии можат да помогнат во зајакнување на имунолошкиот систем на децата, некои може да доведат до инфекции на окото, увото и дебелото црево, велат истражувачите.

Студијата ја спроведе Швајцарскиот сојузен институт за наука и технологија за вода и Универзитетот во Илиноис, а беше објавен во списанието Biolms and Microbiomes. Се наведува дека ова е едно од првите посериозни научни истражувања од овој ви