Деновиве се појавија информации за патентот на Samsung за бежично полнење на телефоните – новата технологија треба да овозможи полнење на уредот без да има потреба истиот да биде поставен на специјална подлога.
Иако веќе е достапно бежичното полнење, сепак за телефонот „бежично“ да го наполните, ќе мора да го поставите на специјална подлога и да не го поместувате од таму доколку сакате батеријата да се наполни, што значи дека ваквиот начин не ја нуди слободата каква што корисниците денес ја посакуваат.
Поради тоа, од Samsung одлучија да одат еден чекор понапред и да развијат технологија која што „буквално“ ќе го полни телефонот бежично.
Samsung развива „реална бежична“ технологија која ќе овозможи полнење на батеријата на уредите кои што се во иста просторија, без да има потреба од поставување на уредите на некави подлоги за полнење.
Иако во патентот не биле објаснети никави детали околу оваа нова технологија, планот е бежично да се фокусира енергијата кон уредот кој што ќе сака корисникот да го наполни, при што ќе се користат посебни панели кои ќе ги насочуваат сигналите околу луѓето и другите препреки во просторијата.
Ова значи дека сопствениците на паметните телефони на Samsung ќе можат да ги носат своите телефони низ просторијата во која што ќе се наоѓа уредот за бежично полнење и батеријата на нивниот телефон автоматски ќе се полни.
Со оглед на тоа што станува збор само за патент, не е познато дали Samsung навистина ќе претстави конечен производ базиран на овој патент, па можеме само да се надеваме дека во блиска иднина ваков или сличен уред ќе се најде на пазарот.