Тој опоменува дека оптималниот број на жители на Земјата е под две милијарди, а моментално на планетата живеат 5,6 милијарди луѓе над тој број.
Истовремено, животната средина е сè позагадена со вештачки хемиски соединенија кои од еколошки аспект би можеле да бидат поштетни дури и од глобалното затоплување, објави веб-страницата Факултети.
Во „Гардијан“, Ерлих предупредува дека мора да се запре претераното трошење ресурси и дека е неопходна прераспределба на богатството, но дека богатите луѓе што управуваат со светот нема да го дозволат тоа.
Истражувањето што го објавиле биологот и неговите соработници покажува дека на сите мора да им се даде „пристап до модерните контрацептивни средства и да се обезбедат права за абортус“, додека жените мора да имаат вистински еднакви права, плата и деловни можности.
Биологот се надева дека тоа доволно би го намалило бројот на новородени, а со тоа би се намалила и популацијата.
Дополнителен проблем е хемиското загадување, кое се раширило и во најзафрлените делови од светот.
„Имаме јасни докази дека токсините ја намалуваат интелигенцијата, а првата генерација што била непрекинато изложена денес се веќе возрасни луѓе“, напоменал Ерлих.