ZTE одржа медиумски настан во Пекинг, на кој објави формирање на нова филијала наречена ZTE Intelligent Terminal, која ќе се грижи за работењето на корпорацијата во Кина. Многу поинтересен дел од настанот, кој беше во чест на 20-годишнината на компанијата, беше објавувањето на новиот предводник паметен телефон. Тој ќе се вика Axon M9 и ќе биде достапен од септември.
ZTE призна дека во последниве години популарноста на брендот се намали во нивната татковина и се надева дека со новиот паметен телефон ќе се смени трендот. Тоа го објави претседателот на ZTE Intelligent Terminal, Баи Борен, кој го најави Axon М.
Засега нема познати детали за уредот, освен дека ќе биде позициониран во висока класа. Ако се земе предвид името, повторно е можно да видиме паметен телефон на преклопување, сличен на оригиналниот ZTE Axon M.