Повеќе од 150 кита заринкале во заливот Хамелин во западна Австралија, а од нив само 15 преживеале, соопштија денеска австралиски официјални лица.

Огромните морски цицачи заглавени во песокот биле забележани од рибар, кој потоа ги информирал надлежните органи. Тие интервенирале во областа што се наоѓа 300 километри јужно од градот Перт, така што се обиделе преживеаните китови да ги вратат назад во морето.

Се наведува дека животните биле од видот пилот китови, кои на брегот закринкале при миграција кон потоплите води.
Извор: Макфакс