Дигиталната фарма на земјоделците ќе им овозможи бесплатно и од прва рака да научат како да ги намалат ризиците при производството, да трошат помалку вoда и ѓубриво и да инвестираат помалку средства, а да добијат поголеми приноси. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, порача дека отворањето на дигиталната фарма покажува дека Србија е лидер во регионот и може да стане и лидер во Европа кога станува збор за дигитализацијата и новите технологии во земјоделството.
Во таа насока, премиерката наведе дека што побрзо мора да се изгради зградата на институтот Biosens, кој ќе биде европски центар за наука. За тоа српската владата ќе инвестира 14 милиони евра. Наведе и дека е битно да се поврзат базите на податоци во земјоделството за да се носат ефикасни одлуки врз база на сите информации.
Дигиталната фарма ја осмисли Институтот Biosens од Нови Сад во соработка со земјоделскиот производител Krivaja во рамките на проектот ANTARES, кој заеднички го финанасираат ЕУ и владата на Србија. Делегатот на ЕУ во Србија, Сем Фабрици, потенцираше дека токму проектот Antares, кој опфаќа два најзначајни сектори – ИТ и земјоделство – е пример за добра сорбаотка на Србија и ЕУ.
Извор: B92.net