Компјутерски генерираниот глас на Стивен Хокинг бил заштитен знак на познатиот научник, што дури и креаторите на филмот “Теорија на се” морале да добијат дозвола за користење. Но, зад тој глас стои интересна приказна.

Иако многумина мислат дека тоа е гласот на познатиот научник, станува збор за говор на човекот кој му го подарил тој глас.

Во текот 80-тите години, кога Хокинг истражувал начини на комуникација откако ја изгубил моќта за говор, еден пионер во компјутерските алгоритми на говор работел на MIT. Се викал Денис Клат.

Секогаш кога Хокинг ќе прозборел, ние слушавме една од 300-те снимки гласа на докторот Клат.

Клат знаел дека се очекувало дека Хокинг нема да живее подолго од 5 години, па затоа во рекорден рок го завршил програмирањето на целиот систем.

Во текот на годините, технологијата на гласот се менувала и на Хокинг му се нуделе и подобри верзии, па дури една години и била модифицирана за да звучи како неговиот глас. Сепак, судејќи според одредени приказни, тој ги одбивал сите велејќи: “Ви благодарам, но гласот на мојот пријател Денис е мојот глас”.

https://www.youtube.com/watch?v=ksQkfs5Z8nA

Извор: Kurir.rs